Во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска ќе биде промовирана новата едиција „Нови бајки од Македонија“.

Како што информираат од „Арс Ламина“, на настанот ќе бидат претставени четирите сликовници „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ – кои беа прогласени за најдобри на конкурсот за „Современи бајки од Македонија“.

– Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајанова. Елизабета Баковска е авторка на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрациите се е на Катерина Соколова. Бајката „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова и илустраторот Орце Нинески, а „Осаменото дрво“ е дело на Нина Максимова, со илустрации од Иван Коминовски.

На настанот ќе се обратат Ангелка Пеева Лауренчиќ (член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“) и Бранка Бугариска (директор на издаваштво во „Арс Ламина“), посочуваат од издавачката куќа.

На промоцијата ќе бидат претставени и авторите и илустраторите на победничките бајки. Книгите, кои се објавени под импринтот „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе се достапни во „Литература.мк“, како и во сите поголеми книжарници низ државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 09:30