Центарот за истражување на предисторијата онлајн ќе промовира нова електронска книга на Никос Чаусидис објавена во две одделни изданија, на македонски и на англиски јазик: „Луристански стандарди – иконографија, сeмиотика и намена“ (Luristan standards – iconography, semiotics and purpose).
Монографиите се во издание на Центарот за истражување на предисторијата, на чија веб-страница тие ќе можат слободно да се преземат по промоцијата.
-Со називот „луристански стандарди“ се означува една мошне голема и загадочна група бронзени предмети (со очевиден симболички т.е. култен карактер) кои потекнуваат од доцното бронзено и од железното време. Пронајдени се во областа Луристан во западниот дел на денешен Иран од каде, во минатиот век, ќе доспеат во речиси сите позначајни светски музеи и приватни колекции, информира Центарот за истражување на предисторијата.