Во организација на Културно-информативниот центар „Романса“ денеска во Македонска Каменица ќе биде промовирана книгата „На иста адреса“ од авторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски.

-Се работи за книга со афоризми и поезија како прво заедничко дело на двајцата автори. Почетокот на промоцијата е во 13:30 часот во фоајето на Домот на култура, информираа од КИЦ „Романса“. На промоцијата ќе и претходи изложба на илустрирани афоризми и сликовници од младиот уметник Софија Ситновска.

-На оваа изложба која ќе започне во 12:30 часот, со свои илустрации ќе се претстави ученичката Софија Ситновска, а во рамки на настанот најмалите ќе се запознаат и со делата „Палави афоризмичиња“ и ,„Во светот на палавите афоризмичиња“ од афористичарот Миле Ѓорѓијоски, се вели во информацијата од Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица од каде ги поканија заинтересираните да присуствуваат на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 09:46