Излезе од печат книгата „Политиколошки вивисекции во етерот“ на политикологот, новинар на Македонското Радио Скопје, Свето Стаменов и на македонскиот публицист, Цане Т. Мојаноски.

Во книгата на читателската јавност ѝ се понудени содржините на 20 интервјуа реализирани во рамките на радио – емисиите „Quo vadis“, „Радио спектар“ и „Актуелно“ на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од јануари 2018 година до средината на април оваа година.

Како што се наведува во соопштението на авторите, повеќето интервјуа се посветени на анализата на внатрешно – политичките односи во земјава.

Притоа, како што се посочува, предмет на анализа е и македонското црковно прашање поврзано со настојувањето на црковната ерархија да се вклучи во православната заедница во светот и отворените прашања, проблемите и односите што врз таа основа се создадени со Српската православна црква, како и активностите поврзани со отворањето на тоа прашање пред Вселенската патријаршија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 10:07