Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден при спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата изречени се 176 санкции за брзо возење.
Како што посочуваат од МВР, од вкупниот број изречени санкции, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 50 возачи ја пречекорил брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.