Пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип вечерва за прв пат на отворено ќе се изведен настан во кој штипска публика ќе може да ужива во класична музика. Пред штипјани ќе настапи Гудачкиот оркестар на музичка младина на Македонија. Директорот на Дом на култура, Горан Трајков ги покани граѓаните да го проследат настанот и да уживаат.

– Ја имаме честа да ги поканиме сите граѓани на Општина Штип да дојдат вечерва во 20:30 часот на отворено да го проследат првиот концерт од летната сезона на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип, а тоа е гудачкиот оркестар на музичка младина од Македонија, кој е сочинет од млади таленти кои свират и надвор по другите држави. Имаме двајца солисти. Јас мислам дека ова ќе биде едно несекојдневно доживување за град Штип, вели Трајков.

Со овој настан се одбележува стартот на летната сезона, што значи ваквите концерти на отворено ќе продолжат и во текот на наредните месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 15:01