Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на детето, во Македонска Каменица се одржа промоција на илустрирани детски сликовници „Во светот на палавите афоризмичиња”.

Гоце Стојановски, директорот на Културно-информативниот центар „Романса” која го организираше настанот истакна дека главната улога во рамки на денешната промоција ја имаа токму децата, кои претходно присуствуваа на изложба на илустрирани афоризми од својата соученичка Софија Ситновска.

-Целта беше младите на Меѓународниот ден на детето да се запознаат со поимот афоризам. „Во светот на палавите афоризмичиња” е плод на заедничката соработка на афористичарот Миле Ѓорѓијоски и младата Софија Ситновска кои во рамки на настанот одлично ја етаблираа младата популација, рече Стојановски.

Во продолжение на настанот беше промовирана и книгата „На иста адреса” од Миле Ѓорѓијоски и Христина Деолска.

-„На иста адреса” е комбинација на афоризми и поезија во кој меѓусебно се преплетуваат сатирата и поетскиот збор, докажувајки на најдобар начин дека уметноста нема граници, покажувајки дека поезијата и сатирата можат заеднички да пулсираат, додаде сатиричарот Ѓорѓијоски. Културните настани, како што додадоа од КИЦ „Романса” продолжуваат утре со филмскиот фестивал за деца „Џифони патува”.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 16:44