Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка најмногу 19,5 проценти од вкупно резидентно население на возраст над 15 години се во полето Општи програми и квалификации, додека најмалку или 1,9 проценти се во од областа Информатичко-комуникациски технологии.

Во Здравство и социјална заштита се само 7 проценти, додека во полето на Природни науки, математика и статистика се 3 проценти.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Според полето на образование во највисокиот степен на образование од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години:

– 197 810 лица или 19,5 проценти се во полето Општи програми и квалификации;

– 189 736 лица или 18,6 проценти се во полето Инженерство, производство и градежништво;

– 148 180 лица или 14,5 проценти се во полето Општествени науки, новинарство и информирање;

– 81 494 лица или 8 проценти се во полето Бизнис, администрација и право;

– 71 102 лица или 7 проценти се во Здравство и социјална заштита;

– 59 215 лица или 5,8 проценти се во полето Образование;

– 54 779 лица или 5,4 проценти се во полето Услуги;

– 48 857 лица или 4,8 проценти се во полето Уметност и хуманистички науки;

– 40 455 лица или 4 проценти се во полето Земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина;

– 30 624 лица или 3 проценти во Природни науки, математика и статистика;

– 19 044 лица или 1,9 проценти во полето Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ);

– 75 293 лица или 7,4 проценти се во непознато поле.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 16:46