СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.З.(42) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба“.

Пријавениот, по законските измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник“ бр.302 од 18.12.2020), согласно кои оспособувањето на кандидатите за возачи за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди и издавање на потврди го врши Црвениот крст на Република Македонија, продолжил сѐ до месец мај 2021 година, преку неговата приватна здравствена установа да врши оспособување на кандидатите за возачи за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди и да издава потврди за тоа.

Во овој период правниот субјект издал околу 2.000 вакви потврди кои биле евидентирани со невалидни датуми пред 18.12.2020 година, односно пред законските измени.

Од извршените проверки во приватната здравствена установа и увид во службената документација од Црвениот крст, исто така било констатирано и дека приватната здравствена установа не го запазувала законски одредениот временски период и просторните услови за спроведување на обуката на кандидатите за возачи за теоретска и практична настава за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди, како и дека за издадените потврди за завршена обука наплаќале пониска од реалната цена на уверението за завршена обука издадено од Црвен крст, со што го оштетиле Црвениот крст на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 01:20