Прв фестивал на камерна музика „Струмица Класика Интернационален Фестивал 2022”, ќе се одржува од денес до 9 јуни годинава.

Идејата, како што соопшти селекторот на фестивалската програма Васил Атанасов, била прифатена од група професионални музичари од Филхармонија, Опера и од основното музичкото училиште „Боро Џони” од Струмица, со цел да се направи интересен фестивал, единствен од таков вид кај нас, презентираjки претежно камерна музика во состави како дуо, трио, квартет, квинтет, октет, хорови, камерни оркестри итн.

Идејата за фестивалотја прифатиле и поддржале градоначалникот и Советот на општина Струмица.

– Целта во реализација на фестивалот е да ги претставиме врвните македонски уметници кои ја негуваат камерната музика, но и гости од соседните земји, Европа и пошироко. Струмица е град со традиција и историско културно нследство од сите сфери, град кој ја сака музичката уметност, театарот, филмот, сликарството и културата воопшто и има убава традиција на културни настани, а со овој фестивал сметаме дека ќе го збогатиме културното живеење на Струмица и регионот, бидејки градот го заслужува тоа, се вели во соопштението од Атанасов.

Според него, фестивалот ќе придонесе покрај гостувањето на странски уметници од повеќе земји, Струмица да стане и атрактивна туристичка дестинација.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 09:39