Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на Град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Од МВР денеска информираа дека се изречени 16 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкции за непочитување на првенство на минување, девет мерки за некористење на сигурен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…
Засилените акциски контроли продолжуваат.