Универзитетот на Гент, Белгија, отвори нов научен музеј, оценет како „Музеј на размислување“, чијашто цел е да ги стимулира своите посетители, но и самите научници, бидејќи науката „не е готов одговор, туку стекнување знаења и идеи преку сомнеж, неуспех, повторен обид, креативност, размисли, храброст и неочекувани откритија“.

Универзитетот одлучи да заземе поинаков пристап со својот нов музеј, бидејќи нема експонати на големи научни достигнувања и потфати. Концептот е следниот. Посетителите го следат истиот пат како и истражувачот и ги следат неговите постапки, пропусти и размислувања на седум теми, и тоа – хаос, сомнеж, шема, мерење, знаење, замисли и мрежа.

За секоја тема се собрани предмети од различни дисциплини, како биологија, археологија, психологија, медицина, архитектура и уметност.

Во музејот се изложени повеќе од 400.000 предмети собирани последниве 10 години. Впечатоците од Музејот, првично се позитивни, бидејќи го поттикнува интересот на јавноста за науката преку иновативна програма.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 11:11