На отварањето на своето 15-то јублијено издание, Фестивалот за современа музика МОДОАРС го најавува својот грандиозен концерт кој ќе се одржи на 6-ти јуни, 2022 година во 20 часот камерната сала на Македонската филхармонија.
На концертот како солисти ќе настапат Ема Попивода – пијано и Џузепе Нова – флејта заедно со камерниот оркестар Профундис. Диригент на концертот е Паоло Шибилија од Италија. Публиката ќе има несекојдневна можност да ужива во концерт со контрастна програма.
Во првиот дел ќе се изведе Триптих концертот за флејта и оркестар оп. 10 на Антониo Вивалди. Во вториот дел од концертот премиерно ќе бидат изведени авторските композиции за пијано и оркестар на Ема Попивода “Supersonic pieces”. Билетите може да се набават онлајн и на сите продажни места на mktickets.mk.
Во продолжение на Фестивалот МОДОАРС следуваат концертите на Алесандро Вена – пијано (Италија) на 13.06.2022, во Даут Пашин Амам, со премиерна изведба на Етидите на Филип Глас. На интернационалниот ден на музиката 21.06.2022, Јулија Кастелучи (Словенија) ќе одржи спектакуларен вокален музички перформанс.