Полициски службеници на СВР Tетово ноќеска околу 03.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 37-годишниот гостиварец Е.Х..
Лицето претходно одзело патничко возило „фолксваген голф 4“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на лице од гостиварско Чегране, кое незаклучено било паркирано на улица „Сретко Крстевски“ во Гостивар. Е.Х. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, по што ќе му биде поднесен соодветен поднесок.