Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изрече вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, за возење без возачка дозвола 15 мерки и 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Како што информира денеска МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 19 за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возач почетник…
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.