Во текот на изминатата вечер 03/04.06.2022 во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 22 возачи.
Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 12, на подрачјето на Прилеп четири. За време на контролата биле санкционирани и 36 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.