Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски синоќа премиерно беше прикажан во официјалната селекција на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс, САД.

Диневски е режисер и продуцент на филмот, но и коавтор на сценариото заедно со Владимир Јанковски. Монтажата е на Мишко Чунихин, директор на фотографија е Димо Попов, а музиката на Давор Јордановски.

Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Филип Трајковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2022 09:33