Во текот на изминатата вечер во периодот од 01.00 до 05.00 часот на територија на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 36 возачи. За време на контролата биле санкционирани и шест останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.