Мотоциклист од Србија е тешко повреден откако излетал од коловозот на регионалниот пат Градско – Велес, во близина на крстосницата за селото Црквино.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила вчера, а со мотоциклот „БМВ“ со српски национални ознаки управувал Б.М. (55).
Повредите се констатирани во Општата болница во Велес, а увид изврши екипа од СВР Велес.