На 07.06.2022 во 17.45 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Т.М.(26) од с.Кондово, скопско, затоа што се обидел илегално да ја напушти државата и да премине во Република Косово.

При проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција како лице по кое е распишана потрага од СВР Скопје за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци, по што било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 11:49