Комичарот Дејв Шапел ќе одржи шоу во Бафало в недела за да ѝ возврати на својата заедница која сѐ уште е погодена од масакрот минатиот месец. Сѐ уште неофицијално, сите приходи ќе одат кај семејствата на 10-те жртви и тројцата ранети во расно-мотивираното злосторство од омраза.
Билетите веднаш се распродадоа, а Центарот за изведувачки уметности „Шеј“ собира над 3.000 гости. Шапел ги покани и семејствата на жртвите да присуствуваат.
На 14 мај, вооружен бел маж возел три часа до супермаркетот „Топс“ во населба населена претежно со црнци, со намера да убие што е можно повеќе црнци, според истражителите. Осомничениот 18-годишник носел воена опрема – панцир и тактички шлем, како и јуришна пушка, па пукал во и вон продавницата. Сите загинати се црнци на возраст 32 – 86 години. Обвинителството го товари осомничениот за домашен тероризам мотивиран од омраза и 10 точки за убиство од прв степен.
Портпаролот на Шапел не одговори веднаш за коментар.