Во организација на македонско- италијанската асоцијација АПИ НОРДЕСТ, чиј претседател е познатиот бизнисмен во Италија, Мунир Шемси, по потекло од дебарско, во следните два дена ќе се одржи бизнис форум во Тревизо и Венеција.

-Се е подготвено за овој значаен настан што го организираме првпат, но, нема да застанеме тука. Ќе продолжиме и понатаму да ја остваруваме нашата идеологија, иако патот понекогаш е трнлив. Мотото е „Nordest-sudest- мост помеѓу двата брега на Јадранот”. Значи рефлексии и сценарија за развој на трговските односи меѓу северисточна Италија, Македонија и балканскиот регион, изјави Шемси за МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 13:44