Во рамки на новиот развоен концепт на ТИРЗ, технолошко-индустриската зона во Гевгелија ќе стане првата „зелена“ инвестициска зона во земјава која ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии.
Зоната, како што информира ТИРЗ, ќе функционира како јавно-приватно партнерство.
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски денеска ќе соопшти детали околу структурата и проекциите поврзани со новата „зелена“ зона. На средба со медиумите, тој ќе информира и дали глобалните политички и економски текови влијаат врз извозот и работата на компаниите во зоните.