Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминативе денови покрај тековното одржување на сообраќајниците, светлосната сигнализација преку секојдневни контроли и обиколки, како и на вертикалната сигнализација и сообраќајна опрема активно работеа и на реконструкција на неколку пешачки патеки на градските сообраќајници.

Асфалтирана е голем дел од предвидената површина за реконструирање и тоа на Јужен булевар, улица Љубљанска и на пешачките патеки во Градски парк позади Луна паркот. Санирани се оштетените сообраќајни знаци на улица Благоја Стефковски, улица Фрањо Клуз, кружен тек Ѓорче Петров и поставени се нови светлосни столбчиња на булеварот Трета Македонска Бригада. Санирана е оштетената ограда на улица 11ти Октомври како и оштетените заштитни столбови, а санирани се и платоата за смирување на сообраќајот на улицата Радишанска. Со ноќното обележување обновена е хоризонталната сигнализација рачно и машински на булеварот Партизански Одреди, к-ца бул.Климнет Охридски со бул.Мајка Тереза, булевар Трета Македонска Бригада, крстосниците булевар Илинден со улица Наум Наумовски Борче, со улица Аминта Трети, со улица Френклин Рузвелт и со булевар ВМРО, крстосница бул.Јане Сандански со улица Фрањо Клуз, и улицата Ѓорче Петров по целата должина до мостот во Сарај. Продолжи чистењето на кејот на реката Вардар, односно сечењето на обраснатата вегетација на косините од реката, а активно се работи и сеуште е во тек реконструкцијата на бетонските жардињери за средишно зеленило на булеварот Трета Македонска Бригада. Продолжија и активностите за санација и реконструкција на потпорниот ѕид на булеварот Борис Трајковвски во населба Пинтија, како и активностите за реконструкција на пристапната рампа за инвалидизирани лица на пешачкиот мост Сарај.

ЈП Улици и патишта ги извршува работните активнсоти по налог на Град Скопје и продолжува со извршување на тековните активностите и во наредниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2022 13:29