Денес во посета на Општина Бутел беше првиот човек на олимпиското движење, претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет ИОК д-р Томас Бах.

Со над 600 учесници преку демонстрација на десетина олимписки спортови беше пречекан д-р Томас Бах.

Низ традиционален пречек, преку фудбал, кошарка, одбојка, таеквондо, борење, карате, ракомет, беше организиран првиот олимпискиот ден во Општина Бутел.

Општина Бутел со оваа посета добива признание за најолимписка и најспортска општина во Република Македонија!

Благодарност до Македонскиот олимписки комитет со чија помош се реализираше овој олимписки ден.

Олимписките игри се сон на секој спортист, како Општина Бутел ќе дадеме максимум што повеќе спортисти да станат олимпијци за да ја осетат најголемата магија во светот ! Ми беше особена чест да го пречекам д-р Томас Бах првиот човек на олимпизмот, морам да истакнам посебно задоволство што тој денес на посебен начин се дружеше со нашите млади спортисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2022 15:58