Во Индустриската зона 2 во Штип се подобрува инфраструктурата. Почна асфалтирањето на неколку пристапни улици во оваа зона, а денеска увид во градежните работи беше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека со ова се подобрува инфраструктурата во градот, а граѓаните дополнително во овој дел од градот ќе може да инцвестираат и да отворат нови проозводствени капацитети.

-Денес започнуваме со асфалтирање на два пристапа и една сервисна улица во Индистирска зона 2, место кое сметаме дека треба да биде урбанизирано, односно да се подобри инфраструктурата затоа што освен постоечките капацитети, освен постоечките погони кои овде работат во наредниот период се планира зголемување на површините во оваа индустриска зона. Овде ќе имаат можност наши сограѓани да отворат нови производствени капацитети. За се тоа да се случи најпрво ќе инвестираме во подобрување на инфраструктурата со поставување на асфалтен слој во износ од 1.300.000 денари во вкупна површина 1.300 метри квадратни, вели Јорданов.

На денешната прес-конференција најави дека и наредните денови започнуваат градежните активности за продолжување на конзолите на река Отиња.

-Продолжуваме со засилена динамика во вложување во патната инфраструктура во нашиот град. Во наредните денови ќе се започне со рализација на конзолите на река Отиња на два потега, од гимназијата до основното училиште „Ванчо Прке“ и потегот пред хотелот Урбаниста. Исто така продолжуваме со инвестирање во неколку други населби во патна инфраструктура, се со цел парите кои се собираат по основ на даноци од граѓаните да ги враќаме назад кон граѓаните, додаде Јорданов.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2022 15:52