Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Фридрих Еберт Фондација-Скопје и Fair Wear Фондација денеска ќе одржат тркалезна маса на тема: „Германски закон за корпоративна должна одговорност на компаниите во рамки на нивниот синџир на добавувачи“.
Настанот ќе го отвори директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс.
Тркалезната маса има за цел даде осврт за новата легислатива во Германија, што ги обврзува германските компании на одговорно етичко однесување во нивниот синџир на добавувачи и неговиот ефект врз компаниите во Македонија, пред сè од текстилната, метал и електро преработувачката индустрија.