Од денеска започнува да се спроведува проектот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција.“ Проектот ќе биде промовиран денеска во Скопје.

Проектот има за цел да ја зајакне регионалната економска интеграција меѓу членките на ЦЕФТА преку поддршка на спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар.

На настанот ќе присуствуваат министерот за економија Крешник Бектеши, Давид Оберхубер, претставник на ГИЗ во Македонија, Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Ото Граф, заменик-раководител на Мисијата на Германската амбасада во Македонија и Емир Џикиќ, директор на ЦЕФТА Секретаријатот.

Проектот е поддржан од Европската комисија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2022 08:59