Програмата за европска соработка за наука и технологија COST (European Cooperation in Science and Technology) во соработка со Министерството за образование и наука в понеделник, 20 јуни, ќе организира онлајн Инфоден.

МОН во најавата за настанот ги поканува претставниците на научната и истражувачката јавност да присуствуваат на Инфоденот на COST-програмата која им овозможува на истражувачите да воспостават интердисциплинарни истражувачки мрежи во Европа и пошироко.

Програмата финансира организација на конференции, состаноци, школи за обука, кратки научни размени и други мрежни активности во сите научни теми.

-Преку своите акции (мрежни проекти) COST овозможува зголемена мобилност на истражувачите низ Европа, го поттикнува воспоставувањето научна извонредност и го намалува јазот помеѓу земјите со различен интензитет на научен и технолошки развој. Акциите траат четири години и се отворени за сите истражувачи, без разлика на нивното ниво на кариера и земјата од која доаѓаат, наведува МОН во известувањето на својата веб-страница.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2022 13:19