Во период од 07:00 до 12:00 часот денеска на територија на СВР Битола се санкционирани 81 возач кои управувале возила со брзина поголема од пропишаната, информира Министерството за внатрешни работи.

– Од вкупниот број санкции, 34 се изречени на територија на Битола, 10 на територија на Ресен, 27 во Прилеп, 4 во Демир Хисар, 5 во Крушево и една во Македонски Брод. Од нив, 39 мерки се изречени за пречекорување на брзината надвор од населено место и 42 се за пречекорување во населено место, велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2022 15:36