Бразилската полиција соопшти дека уапсила втор осомничен за исчезнувањето на британскиот новинар Дон Филипс и неговиот придружник Бруно Переира во амазонските шуми.

Во соопштението на Федералната полиција се вели дека Аутсен да Коста де Оливеира познат и како Дос Сантос, е привремено приведен поради сомнение дека е поврзан со случајот.

Полицијта минатата седмица го уапси неговиот брат Амарилдо да Коста де Оливеира, познат и како Пеладо, во селото каде двајцата исчезнати пред десет дена беа видени последен пат.

Федералната полиција, исто така, соопшти дека запленила муниција.

Де Оливеира пред медиумите изјави дека во петокот го посетил неговиот затворен брат, кој му рекол дека бил измачуван од локалната полиција на неговиот брод што беше подоцна запленет од властите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2022 09:56