Извршниот директор на Европската агенција за воздухопловна безбедност, Патрик Кај е многу загрижен за сигурноста на авионите од западно производство, што продолжуваат да летаат во Русија без пристап до резервни делови и правилно одржување.

– Ова е многу небезбедно, истакна Кај.

Тој нагласи дека регулаторите немаат доволно податоци за тоа колку авиони летаат во Русија, како и дали дел од нив имале безбедносни проблеми изминатите месеци.

Европската Унија и САД презедоа мерки за ограничување на пристапот на Русија до резервни делови, по инвазијата на Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2022 09:59