Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје санкционирала вкупно 193 сообраќајни прекршоци.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број на изречени сообраќајни прекршоци, 64 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

Исто така, изречени се и 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 16 за прекршоци што ги прават пешаците, 10 мерки за користење на мобилен телефон…

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2022 10:21