Компанијата „Икеа“ објави дека ќе ги продаде фабриките, ќе ги затвори канцелариите и ќе го намали бројот на вработени во Русија и Белорусија, како резултат на руската инвазија на Украина.

„Околностите не се подобрија, а разорната војна продолжува“, се вели во денешното соопштение на Икеа. „Бизнисите и синџирите на снабдување во светот се силно погодени и не гледаме дека е можно да се продолжи со работа во скоро време“.

Малопродажниот бизнис на Икеа во Русија и Белорусија ќе биде запрен, а работната сила драстично ќе се редуцира, што значи дека „ќе бидат погодени многу соработници“, соопшти компанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 04:28