На 15.06.2022 околу 22.00 часот пред угостителски објект на ул.„Новачки Пат“, полициски службеници од СВР Битола - Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.П.(42) и К.Т.(33), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати додека Н.П. му продава кокаин и марихуана на К.Т. и притоа кај нив биле пронајдени кокаин, марихуана, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 10:57