Кривична пријава е поднесена против жител на Дебар за узурпација на земјиште во државна сопственост и беспеавна градба.
– Одделението за внтарешни работи – Дебар поднесе кривична пријава против Б.И.(52) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправно градење“. Тој, со цел изведување градба, на катастарска парцела во месноста ,,Манастирец” во атарот на општина Центар Жупа узурпирал земјиште во државна сопственост , информира Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него Б.И. узурпирал земјиште со вкупна површина од 71,41 квадратни метри и стекнал противправна имотна корист.
Во месноста Манастирец, попозната како “Три чешми”, на патниот правец Дебар-Струга, на брегот на Дебарско Езеро, има голем број дивоградби на жители од Дебар, од Скопје , но и од Косово. Дел од бесправните објекти се на узурпирано земјиште во сопственост на МПЦ-ОА.