Турција е подготвена да организира средба со ОН, Русија и Украина за организација на транспортот на жито преку Црното Море, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Илјадници тони жито се запленети во украинските пристаништа кои се под руска блокада или окупација, а транспортирањето е опасно поради поставените мини.

Според Турција, ОН поднеле план за олеснување на извозот и тој план би можел да функционира без деминирање на водните патишта, рече Чавушоглу, споменувајќи го воспоставувањето „безбедни патишта“ во Црното Море.

„Деминирањето би траело предолго…Доколку Русија се согласи на четиричлена средба, може да се направи план за детално да се разговара за планот со ОН, Турција, Русија и Украина“, рече Чавушоглу.

Турскиот министер рече дека треба да се одговори на сите грижи.

„Русија сака да биде сигурна дека бродовите не пренесуваат оружје, а Украина сака Русија да не ги користи тие коридори за да ја нападне“, додаде Чавушоглу.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 13:52