Денеска во 05.30 часот во Гостивар, Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.К.(27) од Кичево и С.К.(20) од Битола поради сомнение дека извршиле тешка кражба во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со албански регистарски ознаки, сопственост на 20-годишната С.К. од Република Албанија, а кое било паркирано во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар кон Кичево.

Двете лица, кај кои биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, задржани се во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2022 11:38