На 17.06.2022 во 19.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Б.Љ.(35) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.