На 18.06.2022 во 09.30 часот на ул.„Ефтим Спространов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Е.Х.(32) и Е.Х.(34), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека од маркет на бул.„Трета Македонска Бригада“ одзеле повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.