Во рамките на сообраќајно-контролните активности реализирани вчера во периодот од 8 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници на СВР Тетово изрекле вкупно 199 мерки за управување на возилата со брзина поголема од максимално дозволената.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи од нив 123 мерки биле за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место , меѓу кои шест возила пречекориле за повеќе од 70 километри на час, а 35 возила до 70 километри на час. Покрај ова, биле санкционирани и 76 пречекорувања во населено место, од кои четири до 50 километри на час, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци.

Од СВР Тетово апелираат возачите да ја прилагодат брзината според важечките правила и прописи и условите на патот и непосредно, со цел да придонесат за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2022 09:47