На 19.06.2022 околу 12.10 часот во Тетово, полициски службеници на Секторот за внaтрeшни работи Тетово расчистија шест кражби на мотоцикли и го лишиле од слобода В.Н.(26) од Тетово.

Тој се сомничи дека минатиот и овој месец противправно одзел шест мотоцикли, од кои три се пронајдени во неговиот дом. Пронајдените мотоцикли биле вратени на сопствениците, а против В.Н. ќе следува соодветен поднесок по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2022 10:49