Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 162 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, а две за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за користење на мобилен телефон, седум за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.