Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 293 возачи.

Од нив, 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2022 13:08