На 20.06.2022 во Ресен, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен ги лишиле од слобода Б.Ц., А.Ц.(19) и И.Ц.(50), сите од Ресен.
Тие се сомничат дека на 19.06.2022 со употреба на сила влегле во домот каде престојува 34 годишна жена од Ресен, поранешна девојка на Б.Ц, физички ја нападнале и со употреба на сила ја однеле во нивниот дом каде што повторно физички ја нападнале.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.