Во СВР Скопје денеска по полноќ, било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало.
На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.