На територија на град Скопје вќера се изречени вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за користење на мобилен телефон, соопшти МВР.
Изречени се и 30 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила.