Претседателот на британските владејачки конзервативци Оливер Даууден поднесе оставка откако партијата загуби на двата дополнителни избори, вклучувајќи и место југозападна Англија, каде претходно владееше повеќе од еден век.

„Некој мора да преземе одговорност, а јас дојдов до заклучок дека во овие околности не би било правилно да останам на функцијата“, напиша Дауден во писмото-оставка до премиерот Борис Џонсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2022 09:42