Полицијата денеска приведе 33-годишен скопјанец за доиздржување казна затвор од седум месеци.

– Во населбата Маџари во Скопје денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(33) од Скопје. Тој бил баран со потерница по барање на Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување на казна затво од седум месеци, а бил осуден на затворска казна од една година за сторено кривично дело 288 од Кривичниот законик, наведуваат од МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено-поправна установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2022 14:19