Градоначалникот на Северодоњецк, Олександар Стрјук изјави дека градот од денеска е под целосна контрола на руската армија.

Изминатите неколку недели се водеа тешки борби помеѓу украинската и руската војска за Северодоњецк. Украинските сили вчера добија наредба да се повлечат од Северодоњецк, поради подобра одбрана на соседниот град Лисичанск.

Но, руските сили и сепаратистите денеска влегоа во Лисичанск и во градот се водат улични борби.

Заземањето на Северодонецк и Лисичанск ќе им го отвори патот на Москва и на сепаратистите кон градовите Славјанск и Краматорск. Руските сили сакаат да го заземат целиот индустриски басен на Донбас



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2022 21:48